дома Балкан Бурунди го повлече признавањето на Косово

Бурунди го повлече признавањето на Косово

1083
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ се состана со министрот за надворешни работи и меѓународна соработка на Бурунди Алан Еме Њамитве и рече дека Србија и должи голема благодарност на таа држава која со, повлекувањето на признавањето на независноста на Косово, покажала дека тој процес не е завршен и дека позицијата на Србија може да биде подобрена.

Дачиќ изјави дека вербалната нота на Бурунди за повлекување на признавањето на Косово е “озбилен политички текст”, па така таа држава ја анализирала ситуацијата длабински и за својата одлука дала “инзворедно правно образложение”.

Министерот за надворешни работи на Србија подвлече дека е потребно да се продолжи соработката помеѓу двете земји и додаде дека се иницирани договори за укинување на визите, економска соработка, соработка во областа на безбедноста, одбраната и образованието.

Запрашан зошто дошло до повлекувањето на независноста баш 17. фебруари оваа година, шефот на дипломатијата на Бурунди рече дека таа држава својата одлука за признавање на независноста на Косово ја преиспитала како би била сигурна дека е во склад со принципите на надворешната политика, како и тоа дека покрај Косово Бурунди ја оспорил и независноста на Западна Сахара.

Министерот Дачиќ рече дека одлуката на Бурунди е мотивирана со активноста на Србија, која разговара со сите земји кои го признале Косово, освен со оние кои се “тежок случај”.

“Ние разговараме со сите, не е тоа работа од еден ден. Јас долго одев таму и тешко работев за они да се мотивираат и да ја преиспитаат одлуката”, рече Дачиќ.

Министерот Њамитве наведе дека добрите односи на Србија и Бурунди датираат уште од времето на СФРЈ, која меѓу првите ја признала независноста на таа држава и играла “движечка улога во деколонизацијата на Африка”.

“Важно е да постојат јаки и цврсти врски помеѓу двете земји, да ја зајакнеме соработката во просветата, економијата,културата, трговијата”, рече Њамитве.

Ален Еме Њамитве разговараше и со потпредседателот на Народната скупштина на Србија Ѓорѓе Милиќевиќ за унапредувањето на соработката на сите нивоа.

Милиќевиќ, во име на председателката на Народната скупштина и во своее лично име, го поздрави министерот Њамитве, истакнувајќи дека двете држави ги врзува пријателство уштеод 1962. година, кога Бурунди стекна независност.

Тој истакна дека Србија покажува спремност да се унапредат односите на билатерален и мултилатерален план, и истакна дека е потпишан Меморандум за разбирање, а за тоа говорат и нацртите на осумте билатерални договори, соопшти скупштинската прес-служба.

Милиќевиќ посебно му заблагодари на Бурунди на повлекувањето на одлуката за признавање на Косово, и на ставот по повод прием во Унеско, нагласувајќи дека таквата одлука е голема подршка за Република Србија и нејзините државни интереси.

Министерот Њамитве се заблагодари на топлиот дочек и потврди дека се во процедура осумте нацрти на договори помеѓу двете земји во различни области.

“Дојдовме да прејдеме од зборови на дела, и да покажеме дека владата на Република Бурунди е спремна за сите видови на соработка со Србија”, рече Њамитве.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here