дома Вести ЗАВРШИ СЕДНИЦАТА НА Ц.К. НА ВМРО-ДПМНЕ – ЕВЕ КАКВА ОДЛУКА ДОНЕСЕ ПАРТИЈАТА

ЗАВРШИ СЕДНИЦАТА НА Ц.К. НА ВМРО-ДПМНЕ – ЕВЕ КАКВА ОДЛУКА ДОНЕСЕ ПАРТИЈАТА

579
0
АКЦИЈА

Вечерва Извршниот и Централниот Комитет на партијата ги разгледуваа начините на кој ВМРО-ДПМНЕ треба најефикасно во наредниот период да се спротивстави на оваа криминална и неспособна влада.

Донесовме одлука учествувајќи во работата на Собранието жестоко да се бориме за секој предлог кој е во корист на граѓаните и да се спротивставиме против секоја штетна мерка, и антидржавна политика спроведувана од парламентарното мнозинство.

Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата. Поразите станаа секојдневие, а голиот популизам нејзино обележје, во реалноста народот живее многу полошо. Оваа криминална влада станува запаметана како најнеспособната досега од осамостојувањето на Република Македонија.

Инаку во финална фаза се преговорите за реформските закони при што е постигната согласност за поголемиот дел на закони, при што беа прифатени голем дел на наши забелешки и укажувања за подобрување на законите. По целосното финализирање кое што се надевам дека ќе биде готово во следните денови ќе инсистираме за тоа да се добијат и писмени гаранции.

Тоа е легислативата,но имајќи предвид со кого си имаме работа и познавајќи ги нивните слаби капацитети постои опасност овие закони да останат само на хартија и затоа ние со лупа преку Собранието ќе ја следиме нивната имплементација.

Во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ не беше во Собранието тие донесоа дузина клучни закони без било каква консултација со опозицијата, како што е примерот со законот за администрацијата, подотворајќи врата за партиски реваншизам и бркања од работа. Ќе порачам надвор од реформските закони ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ништо да помине кое ќе оцениме дека не е од корист на граѓаните.

Едно е сигурно оваа влада нема кредибилитет. Криминалот и корупцијата станаа заштитен знак за нејзиното работење. Затоа мора да си одат. Покажаа дека неумеат, покажаа дека не знаат. На надворешен план штетна политика без резултати, на внатрешен политика без концепт и сериозна идеја. На Македонија не и треба ниту заробена ниту киднапирана држава. Македонија заслужува подобро!

превземено од галама

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here