Након новите тензии на КиМ, печатот во најмоќната членка на ЕУ и постави озбилно прашање на Србија – да ли вие тоа идете со глава низ ѕид? Во аналитичките текстови, германските медии заклучуваат дека ситуацијата на КиМ покажува две ствари – немоќта на ЕУ и опасноста од руското влијание во регионот.
На тој начин во Берлин ги гледаат случувањата последиве денови на Косово во кои дојде до напад на специјалните единици на косовската полиција РОСУ на политичките представници на србите во Косовска Митровица и апсење на директорот на канцеларијата на Владата на Србија за КиМ Марко Ѓуриќ, пренесува Дојче веле.
– И овој пат се идело по опробана шема: Политичарите во југоисточна Европа прво ќе произведат криза, а потоа профитираат на внатрешен политички план затоа што настапиле како оние истите кои кризата ја решаваат, наведува дописничката на овој лист Аделхајд Велфи, наведува листот Стандард, кој дури истакнува дека Србија знаела дека Марко Ѓуриќ ќе биде уапсен на Косово
– Во игра е и Европската Унија. Одговорноста за тоа што воопшто се десило лежи и на канцеларијата на високата представничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини која веќе со месеци не е во можност да ги формулира јасните смерници кога станува збор за двете држави. Могерини додуша најави дека следната година ќе дојде до историски билатерален договор, но бидејќи не повлекла црвена линија сега двете страни го користат вакуумот, наведува листот.
Поделба на Косово, Путин, Америка
Така од српската страна се почесто се споменува идејата за поделба на Косово, значи одвојување на северниот дел, или размена на територии за Прешевската долина, населена воглавном со Албанци. Вакво повлекување граници по етнички линии западот стално го исклучува, затоа што тоа би можело да представува опасност за безбедноната ситуација на Балканот а посебно во Босна и Херцеговина.
Во коментарот на берлинскиот лист Тагесцајтунг новинарот Ерих Ратфелдер под насловот „Крх мир“ се осврнува на истата тема:
– Со конфликтот на Србите и Албанците на КиМ сега се бави и светската политика. Со тоа што српската страна го повикала во помош рускиот председател Владимир Путин, тоа допринело САД, а првенствено ЕУ да се осетат повикани накнадно да ги зацврстат своите позиции. Апсењето на Марко Ѓуриќ покаѓа колку е крх мирот на Балканот –наведува листот и прашува:
– Сакаат ли сега во Србија стварно со глава низ ѕид? Сакаат ли во Белград и Москва да покажат колку е впрочем немоќна ЕУ во растрганата и неединствена Европа? Дијалогот кој го бара Брисел, а кој на крајот би резултирал со признавање на Косово од страна на Србија и широката самоуправа на косовските Срби, во секој случај е во опасност да биде миниран. Само со жестоката реакција на Вашингтнон позицијата на ЕУ уште еднаш е појачана.
Листот наведува и дека Путин покажува дека во секој момент на Балканот може да предизвика напетости, со кои ги доведува ЕУ во неприлика и ги тестира реакциите на Американците.
– И тоа не само на Косово, туку и во Босна и Херцеговина. Дури и Албанците од Косово и Албанија, кои се пријателски настроени спрема САД, се прашуваат колку е уште поуздана Американската политика кога станува збор за Балканот.Во тоа веќе не се сигурни – се заклучува во Тагесцајтунг.