Кој го користел телефонот со кој е дадена наредбата за упад во Собранието на 27-ми април.
Ова е само една од темите на вечерашното издание на емисијата Код на тема обвинение за крвавиот четврток. КОД меѓу другото открива дека меѓу 422 докази има и исказ на еден загрозен сведок.
Тогашниот министер Агим Нухиу во својата изјава пред обвинителството објаснувал како го барал оперативниот штаб и колку била напната атмосферата во штабот меѓу него и Митко Чавков.
loading…
Доказ е и вештачењето на телефонот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски од кој е симната целата содржина на СМС пораките, објавува КОД во своето издание кое ќе се емитува вечерва, во 19:15 на Телма.
(ВИДЕО) КОД објави смс пораки кои Трајко Вељаноски ги испраќал на крвавиот четврток