Белград – Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави за “Политика” оти може да гарантира дека бројот на земји кои ја признале еднострано прогласената незвисност на Косово ќе падне под 100.
Тој вели оти за него е приоритет бројот на признавања да се смали под 100, со што му се помага и на претседателот Александар Вучиќ, бидејќи така во неговите разговори нема да се поаѓа од тоа дека се е решено, туку тој ќе може да каже: “Па чекајте, еве во последните три месеци пет земји го повлекоа признавањето”.