дома Свет Кина силно се противи на употреба на сила во меѓународните односи

Кина силно се противи на употреба на сила во меѓународните односи

505
0
АКЦИЈА

Кина денес силно се спротистави на употребата на сила во меѓународните односи и оцени оти било каква војна акција без Советот на безбедност на УН представува кршење на принципите и основните норми на меѓународното право.

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека политичко решение е единствен начин да се заврши сириската криза и повика на полна, праведна и објективна истрага за наводниот напад со хемиско оружје во Сирија.

Хуа Чуњинг, портпаролката на Министерството, рече на конференцијата за новинарите оти Кина силно се противи на употребата на сила во меѓународните односи и дека било каква војна акција која го заобиколува Советот на безбедност на УН представува кршење на принципите и основните норми на меѓународното право.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here