Постарите пушачи изложени се на поголем ризик да оболат од Алцхајмерова болест дури за 79 проценти во односот на непушачите, покажаа истражувањата објавени на лондонскиот империјал колеџ. Истражувачите дошле до сознание оти активните пушачи имаат поголем ризик да оболат и од други видови на деменција, како и од ментално пропаѓање врзано со стареењето.
Пушењето предизвикува зголемен ризик за појава на Алцхајмеровата болест, истоветно како што го зголемува ризикот од кардио васкуларни болести со оштетување на крвните садови и смалување на протокот на крвта, објасни др Рут Питерс, раководителот на истражувачкиот тим.
Добрата вест во целата приказна е оти бившите пушачи не се под зголемен ризик за оболување од Алцхајмерова болест, утврди британскиот тим на стручњаци.