Откако Бајден ги потпиша извршните наредби за унапредување на расната рамноправност, дописникот на Белата куќа Питер Дуси му довикна: „Господине претседател, за што разговаравте со Владимир Путин?“
Бајден потсмешливо му одговори: „За тебе“.
Па додаде: „Те поздрави“.
Другите новинари прснаа во смеа, а Бајден ја стави маската на лице и си замина.
Како што можеме да видиме и во лулката на демократијата односот кон новинарите може да биде арогантен и под секое ниво.