дома Балкан Канцеларијата на Србија за КиМ се сомнева во искреноста на Приштина по...

Канцеларијата на Србија за КиМ се сомнева во искреноста на Приштина по повод оснивањето на ЗСО

507
0
АКЦИЈА

Белград и Србите на КиМ бараат спроведување на постигнатите договори и ќе учествуваат во работата на формирањето на ЗСО исклучиво на начинот како е договорено во Брисел, соопшти Канцеларијата за КиМ.

По повод одлуката на Приштина да, како се оценува во соопштението, формално и за сега само декларативно се откочи процесот на формирањето на Заедницата на српските општини, Канцеларијата за КиМ смета дека Србите на КиМ во работата на формирањето на ЗСО ќе учествуваат исклучиво на начинот кој е договорен во Брисел.

“Уште пред 1.812 дена требало да почне примената и тоа не само на зборови, пред некој самит и да би се задоволила меѓународната јавност, туку стварно суштински како би се решиле проблемите кои граѓаните ги имаат на теренот”, укажува канцеларијата во соопштението.

Се наведува дека во процесот на изработка на статут за ЗСО нема да се согласат на селективна имплементација на договореното,односно еднострано поништување или менување на делови или целината на договорот од страна на приштинскиот уставен суд или било кој друг привремен орган или институција.

“Нам не ни треба ЗСО која ќе биде празна корпа со надлежности на невладина организација, и Србите на КиМ сакаат да градат моќна и силна ЗСО, со овластувањата кои се договорени во Брисел и кои можат да го заштитат нашот народ и да му овозможат креирање на сопствената судбина”, пишува во соопштението.

Се додава дека Белград и Србите од КиМ сакаат почитување и спроведување на сите постигнати договори за формирање на ЗСО и дека ќе се спроведуваат сите активности предвидени со тие договори кои водат кон основањето на ЗСО.

“Формирањето на ЗСО остварено право, а не гест на добра воља”

Канцеларијата наведува оти оправдано се сомнева во искреноста со која Приштина со повеќегодишно доцнење влегува во овој процес, затоа што ” се ствара неверица” оти станува збор за политички маневар кој има за цел смалување на меѓународниот притисок, а не вистинско почитување на обврските превземени со Бриселскиот дијалог.

“Неодамнешните манифестации на насилство на Приштина спрема политичките представници на Србија на Косово и Метохија за последица го имаа порастот на неспокојството и потполн губиток на верата на српскиот народ во искреноста и добрите намери на таканаречената Албанска политичка елита во покраината”, се укажува во соопштението.

“Србите на КиМ нема да се согласат да имаат помалку права од другите народи на тој простор и од она што им е гарантирано со изворниот и единствениот важечки договор за ЗСО”, се порачува во соопштението.

Спрема соопштението од косовската влада, кое го пренесе порталот Коха диторе, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и председателот Хашим Тачи, го активирале управувачкиот тим кој ќе се занимава со составувањето на статутот ЗСО.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here