Во последните часови од претседателствувањето, Доналд Трамп помилува 73 лица, вклучувајќи го и неговиот поранешен советник Стив Банон, кој се соочува со обвиненија за измама.
На уште 70 лица им беше изменета казната, пред инаугурацијата на Џо Бајден денес во 18 часот.
Раперот Лил Вејн доби помилување, а раперот Кодак Блек и поранешниот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, добија изменети казни.
Претседателот не издаде превентивни помилувања за себе или за членовите на семејството.