дома Вести Трамп овој пат блокиран трајно, односно засекогаш му е забранет пристап на...

Трамп овој пат блокиран трајно, односно засекогаш му е забранет пристап на Twitter

328
0

Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер налогот на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“.

„По внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, посебно како тие беа прифатени и интерпретирани на Твитер и надвор од него, ние засекогаш ја запираме работата на тој налог поради ризик од натамошно провоцирање насилство“, се вели во соопштението.