дома Свет Макрон: Немирите во Вашингтон удар врз универзалниот принцип еден човек-еден глас

Макрон: Немирите во Вашингтон удар врз универзалниот принцип еден човек-еден глас

269
0
АКЦИЈА

Кога во една од најстарите демократии во светот, приврзаниците на претседателот во заминување ги доведуваат во прашање легитимните резултати од изборите, тоа е удар врз универзалниот принцип – еден човек, еден глас“, рече Макрон.

„Она што се случи во Вашингтон секако не е американски“, заклучи тој во официјалното соопштение од Елисејската палата, објавено на социјалните мрежи околу три часот наутро.

„Пред повеќе векови решивме да ги ставиме човечкото достоинство, мирот, почитта кон другите и признавањето на слободата над сѐ друго. Тој избор е загрозен денес во нашите демократии“, додаде тој.

„Сакам да кажам дека веруваме во моќта на американската демократија. Сакам да кажам дека сме им пријатели на американскиот народ и на американската демократија. Сакам да кажам дека со заедничката борба нашите демократии излегуваат посилни од оваа ситуација што ја преживуваме денес“, рече Макрон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here