Лидерите на земјите-членки на Европската унија се договорија за буџетот на Унијата.
Ова откако се постигна договор со Полска и Унгарија кои го блокираа носењето на буџетот и фондот за обнова, со што се деблокираше планот за опоравување на Унијата од последиците на коронавирусот.
Сега можеме да започнеме со имплементација на планот и со закрепнување на нашите економии. Нашиот историски план за закрепнување ќе не однесе напред кон нашата зелена и дигитална транзиција“, напиша претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел на Твитер.