Српскиот парламент за денеска го закажа продолжението на конститутивната седница, а како што е најавено, пратениците ќе преминат на втората точка на дневниот ред – избор на претседател на собранието.
Како што најави претседателот на Србија и на Српската напредна партија Александар Вучиќ, претседателот на Српската напредна странка, која има апсолутно мнозинство во овој состав, лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, ќе биде предложен за претседател на Српскиот парламент.