Американската војска изведе сајбер напад на компјутерските системи на иранската армија по што американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од плановите да изведе конвенционален воен удар на Иран заради оборување на дронот на САД, соопштија денес американските официјални лица.
Сајбер ударите се изведени на Трампово одобрение, потврдија две официјални лица за АП, но не сакаа да бидат именувани.