Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Велика Британија би требала да одбие да ја плати сметката за разводот од ЕУ во износ од 39 милијарди фунти и да се повлече од преговорите за Брегзит, ако Брисел не и го даде тоа то Британија го посакува.
Во очи на официјалната посета на Британија, во која стигнува во понеделник, Трамп во интервјуто за листот Сандеј Тајмс рече дека следниот британски премиер би требал да го прати Најџел Фараж кој највеќе се заложи за Брегзит, да преговара со ЕУ, пренесува Ројтерс