дома Балкан Шпанија уште еднаш и потврди на Србија дека има цврст став кон...

Шпанија уште еднаш и потврди на Србија дека има цврст став кон не признавањето на Косово

435
0
АКЦИЈА

Српската премиерка го прими на заминувачки прием амбасадорот на Шпанија во Србија Мигуел Фуертес.

(Tanjug)
Шпанија опстојува на цврстиот став за непризнавање на Косово

Брнабиќ му изрази благодарност на шпанскиот дипломат за неговата работа во унапредувањето на Српско-Шпанските односи.

Фуертес ја нагласи силната подршка на Шпанија за европскиот пат на Србија и рече дека таа подршка ќе продолжи со блиски и силни врски помеѓу двете држави, со големи пријателски релации, објави српската влада.

Тој уште еднаш потврди дека Шпанија нема да ја смени политиката кон Косово, кое Шпанија не го признава како независно.

Кога станува збор за билатералната соработка, Брнабиќ рече дека Србија е поносна на специјалното и долгогодишно пријателство со Шпанија и пријателството помеѓу српскиот и шпанскиот народ, и рече дека тоа пријателство ќе продолжи да се подобрува, а посебно во областа на економијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here