Ова требаше да се очекува, зашто прашањето за јазикот не беше решено пред потпишување на договорот меѓу Република Бигарија и Република Македонија, изјави академикот и член на мешовитата бугарско-македонска комисија, Георги Марков за софиски „Труд“, по објавувањето на текстот за употребата на македонскиот јазик во спогодбата за статусот и контрола на бегалците.
Ова прашање требаше да се расчисти. Тие треба да го признаат дека во основата (на македонскиот јазик н.з.) е бугарскиот јазик, дури и да тврдат дека имаат некаков книжевен македонски јазик. За да се разликуваат од нас прво го тргнаа ъ. Како историчар тврдам дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот со многу странцизми. Погледнете ги старите песни во Македонија на каков убав бугарски јазик се, изјави Марков.