Приштина – Три помали цивилни авиони полетаа вечерва од војниот дел на приштинскиот аеродром, а извори од Приштина наведоа дека во нив се наоѓаат бивши припадници на ослободителната војска на
Косово кои наредните денови ќе бидат сослушани во Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК.
Приштинскиот адвокат Том Гаши наведува дека во првата група ќе бидат сослушани командантите на оперативните зонои Лап и Дреница Рустем Мустафа и Сами Љуштаку.