Ако сакате вашето дете да не биде болно, ако сакате тоа брзо и лесно да се адапатира на животните услови и околности кои бргу се менуваат, тогаш читајте, интересирајте се…
Јевгениј Комаровски, доктор по медицински науки, телевизиски водител и автор на многу книги за деца, за „Спутник“ дал ексклузивно интервју за борбата против алергии, јакнење на имунитетот кај децата. Многу е познат и по своите едноставни совети како во денешно врееме да се воспита здраво дете.
„Луѓето воопшто, па и децата конкретно, имаат способност на адаптација на сите временски услови. промената на климата може сериозно да делува на иднината на човечката цивилизација, но секогаш е значајно да не се презголемува влијанието на овие промени на здравјето на едно, конкретно дете.
Животот на современиото семејство денес многу се разликува од она што било пред некои 20. или 30. години. Се’ е поинаку: од негата на децата, до домашната техника, клима апарати, храна но и вреето минато на свеж воздух, па и квалитетот на самиот воздух, спорт и рекреација во детските установи, и предшколски и школски. Уште еден битен фактор се компјутерите кои сериозно влијаат на современото возпистување и комуникацијата помеѓу децата и родителите.
Сето ова го наведувам за да свртам внимание на тоа дека родителите се склони да ги разгледуваат климатските фактори како оправдување за сопствените грешки и мрзливост, бидејќи здравјето и имунитетот на детето прво се формираат со начинот на живот на детето.
Кога родителите не можат да проценат што е добро или лошо за нивното дете, кога не умеат правилно да ја организираат негата, односно режимот на исхрана, вежбање, шетање, капење, укажување основна медицинска помош при честите детски болести – сето тоа доведува до тоа дека родителите ’во хор’ се повикуваат на лошата клима, загадениот воздух, неорганизираната држава, лошоите лекари и т.н.
Уште една типична заблуда е дека повеќето возрасни се убедени дека постои лек кој на чудотворен начин може да влијае на јакнењето на имунитетот кај децата. Таквите лекови всушност не постојат, а она што е на рафтовите во бројните аптеки, тоа се се’ ’шарени лаги’. Употребата на тие препарати служат само родителите да ’напишат рецка’ дека направиле нешто добро за своето дете.
Ако сакате вашето дете да не биде болно, ако сакате тоа брзо и лесно да се адаптира на животни услови и околности кои многу бргу се менуваат, тогаш читајте, интересирајте се. А пред сето тоа не дозволувајте детето да биде претопло облечено, немојте премногу да го храните, стимулирајте ја секојдневната физичка активност и немојте детето да го држите во ’стерилни’ услови. Со децата минувајте повеќе време на чист воздух и немојте на децата да им давате ’волшебни’ таблетки за јакнење на имунитетот. Пред се, на децата им се потребни мама и тато“, изјавил доктор Јевгениј Комаровски.
Превземено од ЕКРАН