дома Забава „БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ ЗАРАБОТИ 122,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ПРВИОТ ВИКЕНД

„БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ ЗАРАБОТИ 122,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ПРВИОТ ВИКЕНД

484
0
АКЦИЈА

Биографскиот филм за „Квин“ и Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“ и „20 сенчри фокс“ засега се шампиони на светот.

„Боемска рапсодија“ со Рами Малек во улогата на починатиот фронтмен на „Квин“ во првиот викенд од прикажувањето заработи 50 милиони долари во Северна Америка и 72,5 милиони на светските кино благајни. Овие бројки се над очекувањата, бидејќи претпоставките беа дека ќе заработи 35-40 милиони долари во првиот викенд.

„Филмот е големо славење на ‘Квин’ и на нивната музика и мислам дека направивме голема работа што им ја претставивме оваа приказна на луѓето“, изјави Крис Аронсон, директор за дистрибуција во „Фокс“.

„Одмаздници 3“ го има најуспешното домашно и глобално отворање на сите времиња, откако на премиерата заработи 566,7 милиони долари.

Превземено до Смарт.СДК.МК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here