Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се состане со претседателот на Русија Владимир Путин во сабота како би разговарале за војната во Сирија, насилствата во Источна Украина и на енергетски теми, изјави портпаролот на германската влада.
Средбата ќе се одржи во владината палата Мезеберг, 65 километри северно од Берлин, пренесе Ројтерс.