ЕВРОПАПрашајте ги вашите дедовци како се разговара со Русија, им порача Шојгу на ГерманцитеОбјавено пред 2 часа – 12 август, 2018Од Mak Fax
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, им порача на германските политичари да не се обраќаат кон Русија од позиција на сила, туку да се сетат на лекциите од историјата.
„Што се однесува до изјавата… Ако зборуваме конкретно за Германија, пред да кажат такви зборови, треба да се вратат малку наназад во историјата. Со оглед на се што Германија направи во нашата земја, мислам дека во следните 200 години кај нив не треба да се зборува за тоа, не треба да се даваат изјави по тој повод. Не сакам да зборувам остро и грубо, мислам дека ќе ме разберете“, рече Шојгу, а пренесува телевизијата РТ.
Тој ова го изјави на новинарско прашање за тоа како ја цени изјавата на германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, дека со Москва треба да се дискутира од позиција на единство и сила.
Рускиот министер исто така додал дека добро би било Германците да се сетат на историјата пред да почнат да делат совети за разговори со Русија од позиција на сила.
„За делот да се водат разговори од позиција на сила, да се вратиме повторно во историјата. Ако сами не читате, тогаш прашајте си ги дедовците како е да се разговара со Русија од позиција на сила. Тие можат многу да ви раскажат на таа тема“, советува Шојгу.
Претходно, германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, повика на поостар став кон Русија.
превземено од makfax