дома Свет Кинеската вселенкса станица влегува во земјината атмосфера

Кинеската вселенкса станица влегува во земјината атмосфера

547
0

Кинеската вселенска станица “Тиангог еден” која не работи во наредните 24 часа со брзина од 26.000 километри на час треба да влезе во земјината атмосфера каде ќе се запали и дезинтегрира, соопштија кинеските власти.

Вселенската станица треба да падне во понеделник по кинеско време, наведоа властите и додадоа дека до слични проценки дошле и стручњаците од Европската вселенска агенција.

Предходно беше најавено дека станицата денеска ќе влезе во атмосферата.

Станицата е тешка околу девет тона, и не би требало да предизвика штета при падот, а опасноста по населението проценета е на помалце од еден во илјада милијарди.

“Тиангог еден” беше прва кинеска вселенскка станица лансирана 2011. година, како експериментална станица за поголеми проекти.