Тензиите помеѓу Атина и Москва заради дипломатскиот спор повторно ескалираа синоќа кога министерството за надворешни работи на Грција издаде оштро соопштение по повод одлуката на русија да протера двајца грчки дипломати од Москва.
Грчкото министерство оценува дека таа одлика е донесена како “одмазда” и ја оптужува Русија дека е “брат по оружје” со Турција.