Романските власти соопштија дека 440 особи се повредени, меѓу кои 24 припадници на полицијата, во судирите на демонстрантите и полицијата кои во Букурешт избија во текот на протестот на илјадници романци кои живеат во странство и кои специјално дојдоа да протестираат, а кои се незадоволни од владеењето на левичарската влада.
Службата за вонредни состојби наведува дека 65 луѓе, од кои девет полицајци,се задржани во болница.