Претседателот на Бошњачкото национално Веќе- Совет (БНВ) Суљеман угљанин изјави денеска дека ќе продолжи да води политичка борба за автономија на Санџак.
Угљанин рече дека се надева дека во Србија ќе се “нормална и демократски ориентирана политичка опција”, ослободена од националистичкото минато, способна да го реши прашањето на Војводина, Санџак, Прешевската долина и донесувањето на новиот устав.
“Тоа не е став само на БНВ туку и на сите политички партии и невадини организации со санџачки предзнак. Сите се единствени во тоа дека граѓаните на Санџак на референдумот во 1991. година се изјаснија за потполна политичка и територијална автономија на Санџак, со право за приклучување на една од суверените републики. Во таа смисла не само што очекуваме, туку и ќе се бориме со сите сили, Бошњаците од Санџак да го решат својот уставно-правен статус како конституивен народ во Србија. Прашањето на Санџак е, значи, нерешено”, рече Угљанин во интервју за Радио Сараево.