Репрезентативецот на Швајцарија Гранит Џака кој за време на мечот помеѓу Србија на Светското првенство предизвика голем скандал покажувајќи го албанскиот национален симбол- двоглавиот орел, повторно е во центарот на вниманието со уште еден нов скандал.
Двајцата фудбалери Џака и Шаќири кои директно ја провоцираа Србија на СП добија парични казни од ФИФА, но и покрај големата критика од јавноста, еден од фудбалерите повторно се осмели на истиот потег.
Фудбалерот на Арсенал кој во моментов е на одмор со својата понежна половина Леонтина, наместо да ужива, тој повторно и испрати нова порака на Србија симболизирајќи двоглав орел кој значи и Голема Албанија, погледнете.