На социјалните мрежи денес се појави слика на трансвестит кој на долниот дел од својата сукња носи принт од светец како од икона. Тој непречено се шетал по улиците на Рим додека минувачите чудно го гледале. Црквата скоро секаде во светот има цврст став кон ЛГБТ популацијата, па така оваа прошетка на трансвеститот е порака упатена директно кон црквата и верниците. ЛГБТ популацијата и црквата се во тивка војна од многу одамна. На оваа тема за нетрпеливоста помеѓу црквата и заедницата и е посветено многу малку внимание во светските медиуми и скоро сегогаш се бутка под тепих како незгодно прашање кое се сведува на избор и самопределување. Антагонизмот помеѓу црквата и ЛГБТ заедницата се чини ќе остане војна која тивко ќе се војува уште многу време.
Коментарите на Фејсбук беа различни но поголемиот дел осудувачки кон односот на транвеститот кон верата.
Вакви појави го валкаат она малку светло што остана во светот. Нивните права ги преминуваат сите мери. Навистина не би сакал да го видам во моја близина облечен вака. Простете му и тој е божје чедо. Што повеќе вакви светот ќе биде побогат, нема да постојат веќе потрошувачи на добрата, се ќе замре, а на крајот и тие.
Многу луѓе од верата, поточно свештеници, ја постираа оваа слика на своите профили и недвосмилено ја осудија.