Возачите во Нови Сад, нездоволни заради зголемувањето на цените на горивата, сабајлево околу 7.20 часот блокирале три смера на раскрсницата кај Футошкиот пазар. Тие ги тргнале своите возила нешто предe 11 часот, со што протестот бил завршен. Сообраќајот накратко бил закочен и на мостот Газела во Белград, а бил блокиран и Зрењанинскиот пат, кај Борча.
Припадниците на сообраќајната полиција ги снимале регистарските ознаки на возачите во Нови Сад и им соопштиле на демонстрантите дека, доколку не ги тргнат возилата, ќе добијат прекшочни пријави.
Градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ ја осуди блокадата на рскрсницата и оцени дека е недопуштливо илјадници Новосаѓани да бидат заложници на групичка луѓе.
Протестот претходните три дена е одржан во повеќе градови во Србија, а организиран е по пат на друштвените мрежи затоа што цените на горивата од почетокот на годината пораснале скоро за девет динари по литар, а дизелот за повеќе од 11 динари.