дома Вести Лидерот на крајно десничарската AfD оштро го осуди Хитлер и нацистите

Лидерот на крајно десничарската AfD оштро го осуди Хитлер и нацистите

550
0

Еден од лидерите на крајно десничарската националистичка партија Алтернатива за Германија (AfD) Александер Гауланд изјави денеска дека германците мораат да превземат одговорност за 12 години владеење на Адолф Хитлер и неговата нацистичка партија, но нагласи дека тоа е само мал дел од германската историја.

“Имаме своја славна историја и таа , драги пријатели, траеше подолго од тие проклети 12 години. Хитлер и нацистите се само делче од птичјиот измет за повеќе од 1.000 години успешна германска историја”, рече Гауланд на собирот на движењето на младите на AfD.