Црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ рече дека влегувањето во НАТО била една од најисправните одлуки кои таа земја ги донела и дека со тоа “конечно се поразени сите големодржавни проекти кои ја вклучуваа Црна Гора како свој интегрален дел”.
Бошковиќ во интервјуто за Пинк во очи на годишнината од зачленувањето во Алијансата, која се обележува 5. јуни, оцени дека патот во НАТО е “еден од најголемите цивилизациски искораци кои Црна Гора ги направила во својата долгогодишна историја”.