дома Балкан Јоханис: Романија треба да биде предвидлив партнер на САД и ЕУ

Јоханис: Романија треба да биде предвидлив партнер на САД и ЕУ

565
0

Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави дека неговата земја треба да остане предвидлив партнер и на САД и на ЕУ, критикувајќи ја владата што се обидува да ја пресели романската амбасада од Израел во Ерусалим.

Јоханис побара од владата да соработува на лојален и коректен начин во текот на денешниот состанок со премиерката Виорика Данчила, на кој требаше да се “испеглаат” разликите во романската надворешна политика, пренесе АП.