Европскиот комесар Јоханес хан, кој синоќа беше во работна посета на Црна Гора, порача дека слободата на изразувањето е темелно право кое им е наменето и достапно на сите и истакна дека нападот на новинарката на листот Вијести, Оливера Лакиќ,е напад на репутацијата на државата Црна Гора.
Лакиќ, која аналитички известува за организираниот криминал во Црна Гора, упукана е во нога во втроникот околу 21:00 часот пред зградата во која живее во Подгорица. Лакиќ на истото место пред пет години била брутално претепана.