Жената на убиениот лидер на СДП Милена Поповиќ Ивановиќ верува дека некој се обидува да ја сокрие вистината за убиството на Оливер Ивановиќ, а за “Курир” вели дека се бројни нелогичностите и лажните образложениа во врска со сателитските снимки кои уверуваат дека постои опструкција во истрагата.
“Ја имам истата информација која претседателот Александар Вучиќ ја обелодени, а тоа е дека сетелитска снимка наводно не постои затоа што тој ден имало магла. Знаете многу добро дека тој ден го памтам како ниеден друг во животот и многу добро се сеќавам дека тој ден апсолутно немаше магла. Исто така ми е нелогично дека на сателистската снимка може да и смета магла. Не ми пие тоа вода и не ми се допаѓа. Еве, како лаик се прашувам како тогаш во Лондон, каде што годишно има 300 магловити денови, сателитите работат беспрекорно”, вели Милена Ивановиќ за “Курир”.