Амбасадорот на Русија во Загреб, Анвар Азимов, изјави дека претседателот Владимир Путин е заслужен за договорот на Сбербанк и Агрокор, а дека во изнаоѓањето на решението во голема мерка помогнала неговата средба со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ минатата година во Сочи.
Азимов, во интервјуто за хрватскиот неделник Глобус, рече дека Москва би сакала подеднакво добри односи и со премиерот Андреа Пленковиќ, па доколку сака да ја посети Русија, ќе се ангажира да му го организира тоа.