дома Свет Мицкоски: Ќе им се случи народ, ќе дојде часот за улица

Мицкоски: Ќе им се случи народ, ќе дојде часот за улица

251
0
АКЦИЈА

Некој ќе рече на овие им е само до власт. Но, не ни е само до власт, ако така гледаме можеби ние сега сме во најкомотна позиција, двапати поголем рејтинг, 50тина општини, не еве ќе дојде денот кога ќе го повикаме народот, јас лично ќе го повикам народот против оваа корумпирана, криминализирана и неспособна и анационална власт. Многу скоро ќе дојде тој ден, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски истакна дека ќе побара поддршка и од медиумите и од сите граѓани масовно да излезат и да покажат пркос што навистина мислат граѓаните за оваа владеење на владата на СДСМ.

-Ќе побараме и општествена поддршка од вас, од луѓето кои што се креатори на јавното мислење. Ако мислите дека е вака добро, тогаш јас сум бил во заблуда, ако не придружете ни се, да излеземе сите масовно да покажеме пркос, да покажеме што мислиме, рече Мицкоски.

На прашањето што смета тој за предвремените парламентарни избори со оглед дека СДСМ не прифаќа, Мицкоски потенцираше дека власта е исплашена бидејќи ќе им се случи огромен пораз.

-Тие се уплашени од својот страв, тие се двојно уплашени, како ќе се согласат кога они знаат што ќе им се случи. Ќе им се случи огромен пораз, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here