дома Балкан Вулин: Членството на Косово во НАТО би било закана за Србија со...

Вулин: Членството на Косово во НАТО би било закана за Србија со вооружен конфликт

39
0
АКЦИЈА
t

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека приемот на Косово во НАТО ќе претставува закана за Србија со вооружен конфликт „и ништо друго“.

Косовското собрание во средата усвои резолуција со која ја повикува владата да започне преговори за членство во НАТО.

„Да се ​​стави Косово под покровителство на воената алијанса значи поништување на резолуцијата 1244 (Совет за безбедност на ОН), укинување на Кумановскиот договор и сите гаранции дадени од ОН, но и обврзување на сите земји членки на НАТО, во согласност со членот пет од Повелбата за територијалниот интегритет, да бидат должни да ја штитат новопримената членка“, се вели во писмената изјава на Вулин.

Вулин праша дали некој се сомнева дека косовскиот премиер Албин Курти „ќе се двоуми“ да изврши напади врз Србите, „особено на северот на покраината и да предизвика конфликти и провокации се додека државата Србија не биде принудена да го одбрани својот народ“.

„Насилното воведување на Косово во НАТО пактот не е само кршење на процедурите за пристапување во НАТО и газење на резолуцијата 1244, туку и отворена закана за Србија и друга форма на притисок врз српскиот претседател Александар Вучиќ, а тоа го знаат и земјите кои се залагаат за членство на Приштина во НАТО“, додаде Вулин.

Според српскиот министер Косово не е држава, нема војска, а претставува политички проблем за најмалку четири членки на НАТО. Тој цени дека Косово долгорочно нема да има значителен воен капацитет.

Превземено од

iNFOMAX

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here