Знаете ли кои беа најдобрите и најбрзите автомобили кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, се до појавувањето на McLaren F1? Ferrari F40, Porsche 959 и Jaguar XJ220. Што ако ви кажам дека еден Peugeot автомобил своевремено бил многу повеќе од овие три автомобили!? Продолжете да читате, се враќаме 30 години во минатото за да разјасниме некои работи.
Сте слушнале ли за Peugeot Oxia? За тие што незнаат, Oxia е регион на Марс, каде демек треба да слетуваат сондите испратени од кај нас. Како и да е, во осумдесеттите ваквите sci-fi имиња биле многу популарни. Peugeot и авто спортот од секогаш биле рамо до рамо. Лен Ман, рели и Пајкс Пик (Pikes Peak) се нивните омилени дисциплини. Во средината на осудесеттите, понесени од успесите на P88 на Ле Ман (најголемата максимална брзина во историјата на истоимената патека, 405 километри на час), 205 Evolution во светскиот рели шампионат и 405 со Ари Ватанен на Пајкс Пик, французите решаваат да направат супер автомобил кој ќе има ДНА од нивните три најдобри тркачки автомобили. Од каде да почнам…