Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ќе се кандидира на следните избори за премиер на владата, ги обвини Брисел и Вашингтон за мешање во унгарската политика и ги повика своите поддржувачи да ги бранат достигнувањата на неговата десетгодишна националистичка влада.
За прв пат од доаѓањето на власт во 2010 година, Орбан ќе се соочи со обединета опозиција која заедно ќе оди на парламентарните избори во 2022 година – социјалистите, либералите и Јобик, поранешна екстремно десничарска, а сега централно-десничарска партија.
Шесточлениот сојуз го предводи Питер Марки – Зај, 49-годишен католички конзервативец, татко на седум деца и градоначалник на мал град кој ги критикува сите вредности што Орбан јавно ги застапува.
Орбан на собир со десетици илјади сопартијци во Будимпешта, изјави дека Вашингтон и милијардерот Џорџ Сорос сакаат на изборите во Унгарија да победат „нови луѓе“, односно обединета лева опозиција кои што тие ја спонзорираат преку медиумите и социјалните мрежи.
Не е важно што сакаат во Брисел и Вашингтон како и во медиумите од странство. Унгарците ќе одлучуваат за нивната судбина изјави Орбан на собирот.
Нашата сила е во нашето единството, веруваме во истите вредности: семејство, народ и силна независна Унгарија, додаде Орбан во својата изјава.
Во исто време, Марки-Зај на собир на опозицијата изјави дека, доколку биде избрана нивната коалиција, неговата влада ќе подготви нов устав, ќе ја сузбие корупцијата, ќе го воведе еврото како валута во државата и ќе ја заштити слободата на медиумите.
Режимот стана морално неодржлив, залетот што сега го имаме ќе не однесе до победа на изборите во април 2022 година, изјави тој.
Анкетите покажуваат води мртва трка меѓу партијата на Орбан и обединетата опозиција, а една четвртина од гласачите се се уште неопределени.