Саџид Џавид е назначен за нов британски министер за здравство, кој денеска ја презеде должноста, потврди Даунинг стрит.
Тој денеска изјави дека сака што побрзо да види крај на пандемијата на корона вирусот и дека тоа е неговиот приоритет, објави Ројтерс.
Џавид се повлече од функцијата министер за финансии минатата година, откако одби да го смени неговиот тим политички советници на барање на премиерот Борис Џонсон.