Утре, како и секој понеделник напладне, Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата.
Минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,772 ден/кг и сега изнесува 36,009 ден/кг.
Од 22.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 69,50 (денари/литар).
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 71,50 (денари/литар).
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар).
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар).
Мазут М-1 НС 36,009 (денари/килограм).