дома Балкан И покрај големата побарувачка на вакцини во Кина, Кина се солидизираше со...

И покрај големата побарувачка на вакцини во Кина, Кина се солидизираше со Македонија испорачувајќи ни 500.000 вакцини Синовак

227
0
АКЦИЈА

Со два авиони денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата.

Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор ги пречекаа вакцините, со оваа пратка ќе се вакцинираат значителен број на граѓани со што ќе се забрза процесот на постигнување на колективен имунитет.

– Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на бројот на новозазарени со Ковид-19 и на хоспитализирани граѓани за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а малиот број на хоспитализирани пациенти е на Инфективната клиника, истакна државната секретарка за здравство.

Во однос на цената по која се набавени вакцините, државната секретарка Стојаноски рече дека согласно обврските и склучените договори со фирмите, засега не може да открие која е цената.

– Во овој период мора да се држиме согласно договорите. Има институции кои сето тоа ќе имаат можност да го кажат кога ќе дојде време, рече Стојаноски.

Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо порача дека вакцините се најмоќното оружје за надминување на епидемијата и посочи дека вакцината „Синовак“ е одобрена од Светската здравствена организација. Во Кина, како што рече, се употребени над 1,1 милијарди дози и се вакцинираат луѓе на возраст од 3 до 100 години.– Придржувајќи се кон концептот на заедница со заедничка иднина за човештвото, Кина ја покажа својата одговорност како голема земја, ја промовираше меѓународната соработка во борбата против епидемијата и правичната дистрибуција на вакцините. Кина вложува големи напори да го премости „имунолошкиот јаз“ за да помогне во заздравувањето на светската економија. Во моментов, епидемијата сè уште се шири низ целиот свет, а вирусот сè уште мутира. Следењето на потеклото на епидемијата не треба да се политизира. Сите страни треба да извршат истражување за пронаоѓање на потекло со научен став од глобално ниво, за да можеме ефикасно да спречиме друга пандемија, рече Ѕуо. За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“ вчера напиша и министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. – Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица, се вели во фејсбук статусот на министерот Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here