дома Наука „Џонсон и Џонсон“ ќе плати казна од 230 милиони долари поради поттиkнување...

„Џонсон и Џонсон“ ќе плати казна од 230 милиони долари поради поттиkнување на зaвиcност со опиjaти

27
0
АКЦИЈА

Њујоршкиот јавен обвинител Летиша Џејмс денес изјави дека фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ се согласиле на спогодбата во врска со обвинувањата дека компанијата придонела да се зголеми кризата со опиоиди за што ќе плати 230 милиони долари.

Договорот, објавен денес, предвидува дека „Џонсон и Џонсон“ мора да ја платат целата сума во неколку исплати во текот на девет години, објави АП.

„Фармацевтската компанија исто така се согласи да го прекине производството и дистрибуцијата на опиоиди низ Њујорк и остатокот од Америка“, додаде Џејмс.

„Компанијата помогна да се запали овој пожар, но денес тие се обврзаа да го запрат бизнисот со опиоиди, не само во Њујорк, туку и низ целата земја“, рече Џејмс, пренесува Танјуг.

Компанијата „Џонсон и Џонсон “ во денешното соопштение наведе дека порамнувањето не е признание за неправда или погрешно работење на компанијата. Во соопштението се додава дека нејзините постапки „во врска со маркетингот и промоцијата на лекови против болки на рецепт биле соодветни и одговорни“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here