Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче откако во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Кина.
На кутиите од донацијата пишува „Пријателот во неволја е поблизок од брат“, а според Филипче, овој акт го потвдува токму тоа.
Венко Филипче
Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, а сега се покажа колку е важна во една ваква голема криза, ја враќаат вербата во човештвото. На кутиите од донацијата пишуваше „Пријателот во неволја е поблизок од брат“ и овој акт го потвдува токму тоа. Пристигна значајна количина на вакцини која НР Кина ја донира на нашата земја. 100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата. Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот. Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина.
„Пристигна значајна количина на вакцини која Кина ја донира на нашата земја. 100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата“, нагласува министерот.
Тој во објавата повторно порача дека вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата, не само кај нас, туку насекаде во светот.
„Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народa и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина“, порача Филипче во објавата на „Фејсбук“.