дома Свет ДАНСКА И АВСТРИЈА ГО ПРЕКИНАА ВАКЦИНИРАЊЕТО СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТНИ СЛУЧАИ ОД...

ДАНСКА И АВСТРИЈА ГО ПРЕКИНАА ВАКЦИНИРАЊЕТО СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ТРОМБ

245
0
АКЦИЈА
Данска привремено ја прекина имунизацијата против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“ откако се појавија извештаи дека таа предизвикува згрутчување на крвта, што било причина и за еден смртен случај во земјата.

Данските власти не кажаа колку случаи на тромб имало во земјата и ова следува откако и Австрија престана да ја дава вакцината на „АстраЗенека“ додека истражува смртен случај поради нарушување на коагулацијата и појава на белодробна емболија.

„И ние и Данската агенција за лекови моравме да реагираме по извештаите за сериозни несакани ефекти во Данска и други европски земји“, изјави Сорен Брострем, директорот на Данската здравствена служба.

Вакцинирањето е прекинато на 14 дена. „АстраЗенека“ засега не се огласила за овие случаи.

Извор:https://sdk.mk/index.php/svet/danska-i-avstrija-go-prekinaa-vaktsiniraneto-so-astrazeneka-po-smrtni-sluchai-od-tromb/?fbclid=IwAR1r0A_QiizZtXr5pTfPbEDIqlUDdZv9fw1KKJtMOc-xgkb612qYQBIapa0

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here