![](https://balkanskiglasnavistinata.mk/wp-content/uploads/2021/03/astra.png)
Данските власти не кажаа колку случаи на тромб имало во земјата и ова следува откако и Австрија престана да ја дава вакцината на „АстраЗенека“ додека истражува смртен случај поради нарушување на коагулацијата и појава на белодробна емболија.
„И ние и Данската агенција за лекови моравме да реагираме по извештаите за сериозни несакани ефекти во Данска и други европски земји“, изјави Сорен Брострем, директорот на Данската здравствена служба.
Вакцинирањето е прекинато на 14 дена. „АстраЗенека“ засега не се огласила за овие случаи.