Kсиаоми планира да започне со производство во првата четвртина од оваа година, благодарение на инвестицијата вредна 30 милиони долари.
АНКАРА
Водечкиот кинески производител на уреди Ксиаоми е подготвен да отвори производствен капацитет во Истанбул со инвестиции од 30 милиони долари во првиот квартал од оваа година.
Турција ќе биде четврта земја во светот каде брендот започнува со производство, се вели во соопштението на компанијата во четвртокот.
Компанијата ќе вработи скоро 2.000 луѓе во турската фабрика која ќе има годишен капацитет за производство од 5 милиони паметни телефони.
Потсетувајќи дека компанијата е присатна во Турција од 2019 година, Ашер Лиу, менаџер на Ксиаоми во Турција, рече:
„Ние ќе продолжиме со нашите инвестиции без престанок и се надеваме дека ќе ги придвижуваме нашите активности по еден чекор понапред секој пат.
Ксиаоми соработува со производителот на полначи Салкомп во оваа инвестиција каде што ќе продолжи да расте со нови технологии, се истакнува во соопштението.
Дејвид Чанг, директор на Салкомп за Европа, рече дека компанијата има за цел да придонесе за економијата на Турција со оваа инвестиција, нарекувајќи ја почетен чекор.
„Многу сме задоволни што ќе имаме шанса да направиме големи проекти во Турција“, рече Чанг.