Навистина меѓу секој народ има добри и лоши луѓе, изедначувањето кое се прави и генерализацијата кој се повеќе на број, кој се подраги, на кои македонците треба повеќе да им бидат наклонети, се популистички приказни кои имаат за цел внесување на поделби во македонското општество. Веќе може да се забележат и агресивни позиции кон целиот српски народ и кон србите во Македонија заради нашиот јазик. Не веруваме дека некој Србин во Македонија остана равнодушен на сите овие прозивки, сепак тоа е јазикот кој го зборуваат нашите дедовци мајки и татковци. Навистина да се биде Србин во Македонија не треба да се чуствува кривициа како што некој сакат да го проектираат тоа, туку да се биде разбран и да се разбира. Оттука по долги години ова се добри вести за целокупната српска заедница во Македонија и за македонците. Местото резервирано за поделби се заменува со место резервирано за културна почит и соработка. За нас и покрај јавните прозивки кои не затекнаа деновиве постојат само добри или лоши луѓе. Генерализацијата внесува лажно чуство на исправност. За нас се подобри оние Бугари кои на бугарски јазик им помогнале на луѓето отколку оние кои на српски јазик имаат извршено обмана пред законите. Генерализацијата на нас и вас раѓа само омраза и негативни чуства кои прават поделби на сите нивоа во македонското општество. Изучувањето на еден јазик не може да биде провокација за никого. Јазикот е цивилизациска културолошка придобивка на човештвото. Но кога се вели јазикот се смета и на македонскиот јазик кој ние србите го сметаме за засебен јазик на македнците и на сите кои живеат во Македонија. Оспорувањето на македонскиот јазик со себе носи многу последици кои се познати во пошироката јавност, меѓу кои и негација на еден цел народ. Доколку сакате да бидете почитувани треба да знаете да почитувате. Тоа се основни постулати на еден однос за кој се вели дека е пријателски. Од Србија не сме слушнале никакво оспорување на јазикот. За Србија македонскиот јазик е јазикот на кој говорат Македонците. Затоа и односот кон српскиот јазик во Македонија е таков каков што е, и каков што треба да биде. Српскиот јазик се изучуваше и порано во Македонија како факултативен јазик. Ова е само реактуализација на она што некогаш билио, и било полно со почит и разбирање од двете страни и довело до културолошка перспектива во која пријателствата меѓу балканските народи ја играле водечката улога во односите меѓу нив. Српскиот јазик има голем традиција во македонската јазична наука и тоа на повеќето луѓе кои се вон секојденво политичките препирки воопшто не им смета туко го сметаат за културолошка придобивка. Искрено се надеваме дека така ќе биде и во иднина.