Демонстрантите кои му пркосеа на полицискиот час во Холандија и ноќеска се судрија со полицијата, при што се уапсени повеќе од 150 лица во неколку градови.
Во Ротердам, полицијата испука предупредувачки куршуми и употреби водени топови и солзавци, откако демонстрантите не ги почитуваа вонредните наредби што ги издаде градоначалникот. Нередите во Холандија, кои се опишуваат како најголеми во последните 40 години, почнаа викендов, откако владата ги заостри мерките против ширењето на коронавирусот и за првпат од Втората светска војна, воведе полициски час. Премиерот Марк Руте ги опиша протестите како криминално насилство.